ФК Вардар е подготвен за двомечот во Конференциската лига на УЕФА со Ла Фиорита од Сан Марино, а во име на тимот првиот меч во Скопје го најави напаѓачот Азер Омерагиќ. Еден од капитените на вардарци истакна дека дуелот на домашен терен е добра шанса за победа.
„За изминатите месец дена максимално се подготвивме. Мотивира настапот во Европа. Првиот меч го играме дома и ќе гледаме да си ја завршиме задачата на домашен терен, па да имаме мирен реванш. Ние сме доста подобра екипа од противникот од Сан Марино, но го почитуваме. Ќе притиснеме уште од самиот старт затоа што играме дома, мора да тргнеме со повеќе притисок. Ја сакаме победата пред нашата публика.“, изјави Омерагиќ.