Ново зголемување на цената на струјата од први јануари заради СДС и ДУИ. Со доаѓањето на власт на СДС и ДУИ, освен покачување на цената на струјата, не добивме ништо друго. Од 2017 година до денес цената на струјата е зголемена за 50%, но по логиката на СДС важно нема радиодифузна такса, рече на денешната прес-конференција Славче Антовски.
-Станавме земја со уништени енергетски капацитети, која најлошо се снајде во енергетската криза, без доволно домашно производство. Енергетските компании опстануваат единствено преку префрлање на пари од буџетот директно во нив, за да после тоа во сметките на електрична енергија добиени информации колку Владата не „субвенционирала“! Ама за жал од нашите пари. Додека сѐ уште сме во шок од масовна партизација и предизборниот поткуп на гласачи со полнење на Електрани на Македонија со околу 500 вработени, следеше нов шок, но овој пат од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Се зголемува цената на електричната енергија за третиот и четвртиот блок! Во оваа група се наоѓаат најголемиот дел од граѓаните на Македонија кои се греат на струја, поради тоа што немаат пристап до гас или топлинска енергија за греење. Во средината на декември беше најавена новата измислена давачка на Марко Бислимоски т.н. давачка за пристап на мрежа, кој не е ништо друго освен нов товар за граѓаните на Македонија, кои едвај врзуваат крај со крај. Овој пат, оваа давачка ќе ги удри оние кои најмногу штедат. Иако се обидуваат покачувањето на цената да го замаскираат преку нови давачки и покачување на цената по блоковите, секое домаќинство знае дека од 2017 година наваму цената на струјата е покачена за скоро 50 %. Од тогаш до сега видовме уништување на енергетските капацитети, погрешна стратегија во енергетиката и пораст на цените на сите производи како резултат на порастот на цената на струјата, праша Антовски, истакна Аннтовски.
Прашуваме: Дали РКЕ непромислено избрза со идејата за враќање на евтината тарифа, па сега измисли нов начин како да ги собере парите назад од граѓаните преку давачката наречена пристап на мрежа и преку зголемување на цената на струјата во третиот и четвртиот блок? Праша Антовски.
Затоа народот на изборите во мај 2024 година ќе мора да ја казни оваа власт, со цел да се врати енергетиката на вистинскиот пат. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме! Порачува Антовски.