Ракомет не мрда од Битола

Цехте потпиша нов договор со Еурофарм Пелистер

Цехте потпиша нов договор со Еурофарм Пелистер

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер по продолжувањата на договорите со Радивојевиќ и Манасков, следната сезона зелено-белиот дрес ќе го носи и Нејц Цехте.

32-годишниот Словенец ќе остане во тимот и ќе игра заедно со сонародниците Хагеман и Тајник.

„Со потврдување на ростерот од минатата сезона и доведување на квалитетни новајлии, полека се комплетира Еурофарм Пелистер за сезоната 2025/26. Ни претставува задоволство што некои од нашите професионалци се пронаоѓаат и подолго во нашата шампионска средина. Десниот бек на словенечката репрезентација, Нејц Цехте, го продолжи договорот со нашиот клуб на уште една сезона. Така Цехте наскоро ќе ја започне третата сезона во Македонија, откако во 2023 година дојде од Скандинавија“, се вели во соопштението на Еурофарм Пелистер.

To top