Хроника „злоупотреба на службената положба и овластување“

Кривична пријава против директор на училиште во Липково

Кривична пријава против директор на училиште во Липково

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.Г.(51) од с.Липково, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во текот на 2024, пријавениот, како директор на основно училиште во Липково, склучил договор за вработување, без претходно да обезбеди финансиски средства од Министерство за финансии и без објавување на јавен оглас, оштетувајќи го буџетот на државата во вкупен износ од 577.550 денари.

Поврзани теми

To top