Фудбал детали

Нови детали за трагедијата во која загина Жота

Полицијата во Шпанија изнесе нови детали за трагедијата во која животот го загубија Диого Жота и неговиот брат Андре Силва во сообраќајна несреќа во текот на летниот одмор.

Најновите информации до кои дојдоа истражителите покажуваат дека имало две силни експлозции што е нов момент во истрагата.

Напаѓачот на Ливерпул не управувал со возилото и бил на совозачкото седиште, а возел неговиот 25-годишен брат. Португалецот требало да стигне во Ливерпул на подготовките за новата сезона и избрал да оди со траект затоа што не можел да лета со авион поради операцијата не белите дробови.

„Фудбалерот се обидувал да престигне автомобил, а во тој момент дошло до пукање на гума. Сведоци потврдија дека слушнале две експлозции во низа, првата поради гумата, втората откако се запалил резервоарот за гориво“, откри портпаролот на шпанската полиција.

To top