Во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија денеска ќе биде отворена изложбата „Бисерите на Мал Битолски Монмартр 2О25“, составена од детско ликовно творештво создавано во рамки на светската детска ликовна колонија Мал Битолски Монмартр.
Како што информира Македонскиот културно-информативен центар, изложбата на колонијата Мал Битолски Монмартр го претставува македонското културно наследство преку делата на децата од различни земји во светот. Колонијата Мал Битолски Монмартр генерирала ликовни дела во текот на 43 години работа со млади ликовни таленти.
-Овој извадок од големиот број детски творби ја прикажува старата македонска архитектура – култура и традиција. Тоа е детското ликовно творештво кое се акумулира низ годишната програма на здружението, кое собира и над 50 000 детски ликовни цртежи од над 8О држави од светот со учество од над 800 училишта, како и над 800 создадени ликовни уметнички дела од млади ликовни таленти, наведуваат од Македонскиот КИЦ.