Останати спортови

Светски рекорди на Чебет на 5.000 метри и на Кипјегон на 1.500 метри

Светски рекорди на Чебет на 5.000 метри и на Кипјегон на 1.500 метри

Двојната олимписка шампионка Беатрис Чебет од Кенија стана првата атлетичарка во историјата што истрча 5.000 метри побрзо од 14 минути, поставувајќи светски рекорд со време 13:58,06 минути на митингот од Дијамантската лига во Јуџин (САД), пишува Светската атлетика (СА).

Само 80 минути по рекордот на Чебет, нејзината сонародничка и освојувачка на златен олимписки медал, Фејт Кипјегон, повторно влезе во книгите со рекорди соборувајќи го сопствениот светски рекорд на 1.500 метри, со време 3:48,68 минути.

Чебет, враќајќи се на сцената на нејзиниот светски рекорд на 10.000 метри од минатата година, беше следена во поголемиот дел од трката од Гудаф Цегај, која го држеше светскиот рекорд досега, и од Агнес Џебет Нгетич. Тие трчаа со темпо за светски рекорд од самиот почеток, а првите 1.000 метри ги поминаа за 2:47,07.

Кипјегон, повеќекратна светска и олимписка шампионка, минатата недела испиша еден вид историја со тоа што го постигна најбрзиот настап на една милја во историјата, иако на неофицијален егзибициски настан, но сега немаше сомнеж во автентичноста на настапот, бидејќи таа истрча за 36 стотинки побрзо од рекордот што го постави во Париз минатата година, пишува СА.

За малку ќе имаше уште еден светски рекорд, благодарение на Винфред Јави во трката на 3.000 метри со пречки за жени, но светската и олимписка шампионка во трка со пречки оствари рекорд на митингот со време 8:45,25 минути, што е трет најбрз настап во историјата.

To top