Ракомет Војводина му го раскина договорот

Хрватите застанаа во одбрана на Ивиќ

Хрватите застанаа во одбрана на Ивиќ

Ракометниот клуб Војводина експресно го раскина договорот со Филип Ивиќ, само две недели откако беше потпишан од двете страни. Хрватскиот голман предвреме го напушти Еурофарм Пелистер и се договори со Војводина, но не се ни појави во Нови Сад.

Ивиќ објави фотографија од концертот на Марко Перковиќ Томпсон, по што српскиот прволигаш брзо реагираше. Хрватскиот голман на концертот носеше дрес од трагично починатиот Никола Покривач (негов голем пријател), а фотографијата ја објави на Инстаграм.

Само еден ден подоцна Војводина соопшти дека договорот со Ивиќ ќе биде раскинат, и предизвика лавина од коментари. Повеќето од нив се коментари од Хрвати кои го бодрат Ивиќ и му ја изразуваат својата поддршка. Речиси и да нема коментар што не одговара на тој опис.

To top