Кошарка НБА

Дури седум клубови вклучени во трансферот на Дурант во Хјустон

Американската кошаркарска НБА ѕвезда Кевин Дурант официјално е нов играч на Хјустон, а рекордни седум клубови беа вклучени во договорот околу неговиот трансфер од Феникс.

Заедно со Хјустон и Феникс, во трансферот на Дурант, кој ќе наполни 37 години пред почетокот на следната сезона, се вклучени и Бруклин, Голден Стејт Вориорс, Атланта, Лос Анџелес Лејкерс и Минесота.

Дурант минатата сезона стана само осмиот играч кој постигнал 30.000 поени во кариерата, освои една награда за најкорисен играч (2014), две НБА титули со Голден Стејт (2017, 2018) и беше прогласен за најкорисен играч во двете финалиња, а учествуваше и во 15 Ол-стар натпревари.

Дурант зад себе има четири златни олимписки медали со репрезентацијата на САД (Лондон 2012, Рио 2016, Токио 2021, Париз 2024).

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Хјустон ќе биде петтиот НБА клуб во кариерата на Дурант, која почна во 2007 година.

To top