Македонија ВМРО-ДПМНЕ

СДС да се извинат на граѓаните што ги лажеа, што лицитираа со македонските интереси и ја распродадоа државата

– СДС нема право да зборува за патот на Македонија кон ЕУ. Токму тие, се оние кои го убедуваа народот дека ако се смени уставот, на Македонија ќе и се отвори патот кон ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС да се извинат на граѓаните што ги лажеа, што лицитираа со македонските интереси и ја распродадоа државата

Реакција на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДС:

„СДС нема право да зборува за патот на Македонија кон ЕУ. Токму тие, се оние кои го убедуваа народот дека ако се смени уставот, на Македонија ќе и се отвори патот кон ЕУ.

И Заев, и Ковачевски, и Маричиќ, и Османи, а и сегашниот лидер на СДС, Филипче, заедно му дадоа инструмент во рацете на Бугарија за да и стави пречка на државата на патот кон ЕУ.

Да се извинат на граѓаните што прво ги манипулираа, им ја потценија интелигенцијата, а и што ја блокираа европската перспектива.“

Најнови вести од Македонија

To top