Фудбал

„Но, јас сум среќникот“: Последниот коментар на Жота кон сопругата објавен на Инстаграм – Сонот стана кошмар по само два дена

„Но, јас сум среќникот“: Последниот коментар на Жота кон сопругата објавен на Инстаграм – Сонот стана кошмар по само два дена

Два дена пред тешката сообраќајката во која загинаа фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, неговата сопруга Руте објави фотографии на Инстаграм од нивната свадба.

Парот се венчаше на 22 јуни, во долгогодишната врска во која ги имаат трите деца.

-Мојот сон се исполни, напиша Руте на Инстаграм по описот на свадбените фотографии.

Она што по смртта на Жота привлече внимание, е неговиот коментар под фотографиите, за кој се пишува дека е последниот јавен пред трагедијата.

-Но, јас сум среќникот, и одговорил тој на сопругата со која беа заедно од тинејџерските денови.

Screenshot

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rute Cardoso 🎀 (@rutecfcardoso14)

To top