Хроника

Сообраќајка во Битола, тешко повредени возач на мопед и сопатничка

Сообраќајка во Битола, тешко повредени возач на мопед и сопатничка

На 02.07.2025 во 15.22 часот во СВР Битола е пријавено дека на кружен тек од ул. „Булевар 1 Мај“, ул.„Марко Цепенков“ и ул.„Девеани“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(41) од Кичево и мопед „лонгија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од А.И.(22) од Битола.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговата сопатничка С.И.(50) од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола, информира МВР.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

Најнови вести од Хроника

To top