Португалската фудбалска федерација и целокупниот португалски фудбал се длабоко потресени од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, рано утрово во Шпанија, се вели во Фејсбук статусот на португалската фудбалска федерација.
Повеќе од одличен фудбалер со речиси 50 настапи за сениорската репрезентација, Диого Жота беше исклучителна личност, почитуван од сите соиграчи и противници, личност со заразна радост и вистински пример во заедницата. Во мое име и во име на Португалската фудбалска федерација, изразувам најдлабоко сочувство до семејството и пријателите на Диого и Андре Силва, како и до Ливерпул ФК и ФК Пенафиел, клубовите за кои настапуваа двајцата играчи. Португалската фудбалска федерација веќе побара од УЕФА да се одржи минута молк овој четврток, пред натпреварот на нашата женска репрезентација против Шпанија во рамките на Европското првенство. Изгубивме двајца шампиони. Заминувањето на Диого и Андре Силва претставува ненадоместлива загуба за португалскиот фудбал и ќе направиме сè за секојдневно да го оддадеме почит на нивното наследство, истакнуваат од федерацијата.