Фудбал

Чиро Имобиле се враќа во Серија А

Чиро Имобиле се враќа во Серија А

Чиро Имобиле, некогашниот играч на Лацио, Дортмунд, Севиља, Торино, Јувентус, Џенова, во следната сезона повторно ќе игра во својата земја, во Серија А и тоа во дресот на Болоња.

Како што пренесуваат вечерва медиумите во Италија, но и во Европа, договорот меѓу Бешкташ и Имобиле е раскинат и се е договорено со Болоња да се стави официјално потпис на една година со можност соработката да продолжи.

Секако дека ова е големо засилување за таборот на Болоња, победникот во Купот на Италија за минатата сезона. Трансферот на Чиро Имобиле ќе се официјализира во следните неколку дена.

Покрај Имобиле, Болоња се засили и со Федерико Бернардески.

To top