Хроника

„Ауди“ се преврте на улица во Бутел: Петмина повредени, меѓу нив двајца малолетници

„Ауди“ се преврте на улица во Бутел: Петмина повредени, меѓу нив двајца малолетници

На 01.07.2025 во 22.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ со ул.„Цетинска“ во Скопје, патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(68) од с.Тисовица, скопско, се превртело на коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките Ф.И.(64) од с.Тисовица, скопско и Н.Ш.(28) од с.Елово, скопско, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Најнови вести од Хроника

To top