Помошта во храна за суданските бегалци кои нашле засолниште во четири соседни земји би можела да биде прекината во следните неколку месеци доколку итно не се обезбедат дополнителни средства, предупреди денеска претставник на Светската програма за храна.
Тој посочи дека повеќе од четири милиони бегалци избегале од граѓанската војна во Судан во соседните земји во кои нема соодветни услови за нивниот живот.
„Доколку не се обезбедат нови средства, сите бегалци ќе се соочат со намалување на помошта во наредните месеци“, предупреди координаторот на Светската прогрма за храна за кризата во Судан, Шон Хјуз на брифинг за медиумите во Женева и апелираше да се обезбедат дополнителни 200 милиони долари во текот на следните шест месеци.