Македонскиот прволигаш Вардар конечно застанува на здрави нозе. Новото раководство на „црвено-црните“ откако ги договори сите услови за исплата на долговите, започна со формирање на буџетот за идните сезони.
Уште од претходно извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски потврди дека Вардар ќе има буџет од 3,5 милиони евра, а денеска најавува дека во најтрофејниот влегува сериозен спонзор, кој веќе спонзорира клубови од Романија, Бугарија, Хрватска и Унгарија.
Вардарци под полна пареа се подготвуваат за новата сезона, која што наскоро ќе ја отворат со настапи на меѓународна сцена. „Црвено-црните“ со освојувањето на Купот на Македонија обезбеди учество во Конференциската лига, во која во првото коло ќе се сретне со Ла Фиорита од Сан Марино. Првиот дуел е дома на 10 јули, реваншот е на гостински терен.