Рикардо Формосињо, португалскиот тренер стана хит поради ситуација која му се случи за време на прес-конференција. Тој со неговиот клуб Модерн Фјучер мина во полуфиналето на египетскиот Суперкуп, после лудата пенал серија, а потоа додека им се обраќаше на новинарите, му заѕвоне телефонот.
„Извинете, морам да се јавам, Жозе Мурињо ме бара… Шефе…“, почна Формосињо на англиски јазик, а потоа се префрли на португалски.
Инаку Формосињо му беше помошник на Мурињо во Манчестер Јунајтед и во Тотенхем, а од 2019 година самостојно работи во Судар, Мароко, Боливија и сега во Египет.
❤️👏 José Mourinho kept tabs on the Egyptian Super Cup semi-finals this evening.
He rung his former assistant coach Ricardo Formosinho during a press conference to congratulate him on the win.
"This guys, I have to… it's Mourinho!" 📱 pic.twitter.com/v5nQFkPj2J
— EuroFoot (@eurofootcom) December 25, 2023