Американскиот плејмејкер Лонзо Бол повеќе не е кошаркар на Чикаго булс, бидејќи ќе ја продолжи кариерата во Кливленд кавалирс, како дел од размената во која беше вклучен и Исак Окоро.
Информацијата ја објави почитуваниот НБА- новинар Шамс Чаранија, наведувајќи дека двата клуба се договориле за размена во која Бол ќе ги засили редовите на франшизата од Охајо, додека младиот бек/крило Окоро ќе оди во спротивна насока.