Долго време вештачката интелигенција се перцепираше како нешто далечно, резервирано за научници, истражувачи и Силиконската долина. Но денес, таа е алатка достапна за секого – ако знаеш каде да ја побараш и како да ја користиш.
Brainster, водечката платформа за практично образование, токму со таа мисија го отвора јуни како месец на вештачката интелигенција – преку три нови AI академии и специјализирана конференција со врвни светски предавачи.
Три Академии за три различни типови луѓе
Во јуни започна уписот на Практичната AI Академија која е дизајнирана за сите кои сакаат да користат AI во секојдневната работа – било да се маркетери, HR професионалци, економисти или самовработени. Без техничко знаење, само со желба да се совладаат алатки како ChatGPT, Midjourney, и други што го менуваат начинот на работа денес.

Следна е академијата AI за Програмирање, за оние кои сакаат да станат Machine Learning инженери, да работат со Python, да градат предиктивни модели и да ја разберат логиката зад самите алгоритми. And last, but not least – академијата AI за Претприемачи која ќе ти помогне да одговориш на следните прашања: Како да креираш производ или услуга што користи AI? Како да ја вметнеш вештачката интелигенција во бизнис-модел? Академијата е за фаундери, продукт менаџери и визионери што сакаат реална примена.
AI конференција: На една маса – иднината и практиката
Овој јуни Brainster организираше специјална AI конференција, која ги донесе во Скопје светски признатите експерти John Soldatos и George Fatouros – двајца визионери во примената на вештачката интелигенција. Тие се и дел од предавачкиот тим во AI Masterclasses програмата на Brainster, која се спроведува со поддршка од ФИТР.

Во позадина на сите активности, Brainster продолжува засилено да го гради својот екосистем за учење. Brainster+ е онлајн платформа со кратки, интензивни курсеви за soft, tech и AI вештини, додека Brainster NEXT останува првиот регионален факултет со практичен пристап и гаранција за вработување.
Во 2025, AI не е опција – туку предуслов за успех. А Brainster ја прави оваа технологија достапна за секого: за вработени, фриленсери, основачи и програмери. Време е да научиш, за да не бидеш заменет.