Останати спортови традиција

ОВА НЕ СЕ СЛУЧИЛО 15 ГОДИНИ: Вимблдон ги поскапува јагодите со шлаг

ОВА НЕ СЕ СЛУЧИЛО 15 ГОДИНИ: Вимблдон ги поскапува јагодите со шлаг

Еден од најубавите тениски турнири, Вимблдон, започнува денеска, многумина со нетрпение го очекуваат, не само за уживање во гледањето на најдобриот тенис во светот, туку и за нешто друго.

Имено, неопходен дел од традицијата на овој турнир, верувале или не, се јагодите. И ништо во Лондон не може да се спореди со традиционалните јагоди со шлаг!

Меѓутоа ова никој не го очекуваше. Првпат по 15 години, на Вимблдон е зголемена цената на јагодите. Цената се зголемува од 2,50 на 2,70 фунти. Иако се смета дека ова е скромно поскапување, на многумина нема да им се допадне.

Интересно е што познатите јагоди се берат на 36 километри од Вимблдон и се служат истиот ден. Додека турнирот трае, јагодите се берат во четири часот наутро, се пакуваат во осум часот, а од 10 часот почнуваат да се продаваат.

Тие се толку важни за овој турнир што во една прилика раководителите на Вимблдон се извинија на јавноста, бидејќи јагодите не беа од најдобар квалитет.

Кога станува збор за шлагот, треба да се напомене дека тоа всушност не е шлаг. Терминот „со крем“ се преведува како шлаг, но всушност станува збор за еден вид млечен крем кој е доста воден и во кој пливаат јагодите.

Оваа посластица е нешто без кое ниту еден Вимблдон не може!

To top