Ракомет За Данска „нема зима“

За Данска четврта титула од младинските ракометни Мундијали

За Данска четврта титула од младинските ракометни Мундијали

Младинската репрезентација на Данска се закити со титулата на Светското првенство за ракометари до 21 година, надигрувајќи ја во големото финале селекцијата на Португалија со конечни 29-26.

Данците одиграа перфектен турнир и забележаа седум чисти победи, а само еднаш играа продолженија, и тоа против соседната Шведска во полуфиналето.

Во мечот за трофејот беа прилично убедливи против Португалците, водеа со четири гола разлика на полувремето, а вториот дел го заверија со рутинска, но силна и пожртвувана игра.

 

To top