Кошарка Леброн Џејмс одлучи

Кралот во Лос Анџелес Лејкерс и следната сезона

Кралот во Лос Анџелес Лејкерс и следната сезона

Леброн Џејмс го искористи своето право еднострано да го продолжи договорот со Лос Анџелес Лејкерс за уште една сезона. Ова го објави ЕСПН, повикувајќи се на агентот на играчот, Рич Пол.

Џејмс, кој ќе наполни 41 година на крајот на декември, ќе добие 52,6 милиони долари следната сезона, што ќе биде негова 23-та во Националната кошаркарска асоцијација.

Крилниот играч е најстариот активен играч во Лигата, а е и лидер на ранг-листата на сите времиња по постигнати поени и одиграни минути.

-Леброн знае дека Лејкерс градат тим за иднината, но верува дека тимот има шанса да нападне следната сезона, рече Пол.

Минатата сезона, ветеранот кошаркар играше во 70 натпревари од регуларната сезона, со просек од 24,4 поени, 7,8 скока и 8,2 асистенции по натпревар. Тоа беше неговата прва сезона со просек од помалку од 25 поени по натпревар од неговата дебитантска година во Кливленд во сезоната 2003-04.

To top