Останати спортови бидејќи „премногу зборувале“

Синер отпушти двајца од својот тим

Синер отпушти двајца од својот тим

Пред третиот Гренд слем турнир во сезоната, Синер се раздели со Марко Паники и Улисес Бадија, кои претходно работеа со Новак Ѓоковиќ.

Според информациите што ги објави италијанскиот „Кориере дела Сера“, пресудиле „долгите јазици“ и непочитувањето на правилата за однесување на медиумите.

Паники наводно често давал изјави без претходна согласност, што, според Италијанците, почнало да го привлекува вниманието на медиумите повеќе од самиот Синер, а слична замерка добил и Бадија.

Наводно се кулминирало по инцидентот што се случил за време на тренингот во Хале, каде што Бадија по еден облог му викнал на Синер: „Твој ред е да јадеш го..а“.Иако сè било шега, ваквото однесување било неприфатливо за Италијанецот.

Паники и Бадија беа ангажирани минатата есен, откако нивните претходници беа вмешани во допинг скандалот, поради кој Синер се нагоди и мораше да паузира три месеци.

To top