Бојан Миовски е главна тема во шкотските медиуми, а Абердин ќе има многу проблеми да го задржи својот најдобар стрелец уште оваа зима. Штипјанецот игра одлично веќе втора сезона во клубот од Абердин и понудите секојдневно пристигнуваат на адреса на клубот.
Првите знаци дојдоа од шкотските гиганти Селтик и Глазгов Ренџерс, а последните клубови кои шкотските медиуми ги поврзуваат со Миовски се Саутемптон и Болоња. По пласманот во финалето на Лига Купот на Англија, Абердин исполни една од целите за оваа сезона, во која настапи и во Кинференциската лига.
Абердин не сака да го продаде својот најдобар играч, меѓутоа ако стигне добра понуда не би ја одбиле. Според медиумите во Шкотска, клубот би прифатил да го продаде играчот. Се споменува дека тие очекуваат да заработат рекордна сума за трансферот, а тоа би било над пет милиони евра.
Миовски минатата сезона постигна осумнаесет погодоци во шкотската Премиер лига, додека годинава има тринаесет гола на контото.