Ракомет ОФИЦИЈАЛНО

Дарко Ѓукиќ две години во ГРК Охрид

Дарко Ѓукиќ две години во ГРК Охрид

Дарко Ѓукиќ и Охрид  ја потврдија меѓусебната соработка. Српското крило се враќа во мак-ракометот по само една година, а кариерата ќе ја продолжи крај Охридското езеро.

Договорот меѓу двете страни е во времетраење од две години. Клубот објави видео-обраќање од Ѓукиќ до навивачите и потврда за последниот потпис.

„Поздрав до сите навивачи на Охрид. Сакам да ве известам дека наредните две години ќе бидеме заедно, на иста страна. Ќе се бориме за клубот и градот Охрид, се надевам многу ќе се радуваме заедно“, кратко прокоментира Ѓукиќ.

To top