Кошарка

Петар Денковски ќе биде национален ФИБА инструктор за Македонија 

Петар Денковски ќе биде национален ФИБА инструктор за Македонија 

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација ја официјализираше промената

Важи за официјален делегат-контролор на Светската кошаркарска федерација, а по одлуката на Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација, и официјално, Петар Денковски ќе биде и национален ФИБА инструктор за Македонија.

Долгогодишниот судија со знакот на ФИБА, кој пред извесно време стави крај на својата интернационална судиска кариера е именуван за нов национален ФИБА инструктор.

Денковски ќе продолжи со работата која во изминатиот период успешно ја извршуваше неговиот колега, Ѓорѓи Пиперков.

 

To top