Фудбал

Оливие Жиру го чека потписот со Лил

Оливие Жиру го чека потписот со Лил

Деновиве почнаа да кружат шпекулации дека францускиот напаѓач, Оливие Жиру заврши со својата “екскурзија” во МЛС лигата и сепак реши на 38 години повторно да се врати и да заигра за клуб во својата татковина.

Сега, и официјално е неговото заминување, откако клубот од Лос Анџелес објави дека решиле да се разделат со Французинот.

Според Фабрицио Романо, тој веќе го прифатил едногодишниот договор со францускиот клуб Лил, а официјалниот потпис ќе следува по медицинските прегледи.

Ова претставува враќање на Жиру во француската фудбалска лига после цели 13 години, откако последен пат играше за француски Монпеље до мај 2012 година.

To top