Младинската репрезентација со победа го заврши настапот на Светското првенство (СП) за ракометари до 21 година кое се одржува во Полска и го зазеде 25-тото место во генералниот пласман.
Избраниците на Стојановиќ и Ангеловски во мечот за разигрување убедливо славеа над врсниците од Соединетите Американски Држави, кои ги добија со резултат 47-28. Македонија цело време имаше предност, а на полувремето резултатот гласеше 24-13.
Американците се покажаа како лесен плен на овој меч и ниеднаш не претставуваа опасност, затоа што, сепак, се работи за земја каде ракометот е во развој. Тимот подготвуваше играчи за Летните Олимписки Игри во Лос Анџелес, дел беа понеискусни од нашите ракометари. Во вториот дел разликата на контото на Македонија константно растеше, а во еден момент беше и високи плус дваесет гола (39-19).
Најдобар стрелец на мечот беше Ненад Белистојаноски кој имаше седум гола од седум обида, пред Славчо Шулески и Мирче Калајџиевски, двајцата со пет од пет, како и Дамјан Субашевски, исто така со пет гола.
Кај САД, најдобар беше Родриго Кампос Менендез со осум постигнати гола.