Македонија вмро дпмне

Во 15 општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ отпочнува капитален инвестициски циклус вреден над 934 милиони денари

Во периодот кој што следи, од напролет, 15 општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ ќе влезат во голем инвестициски циклус. Овој циклус подразбира сериозни капитални инвестиции и проекти кои општините ги имаат целосно подготвено и кои ги имаат поминато сите процеси на ревидирања и преостанува отпочнување на нивната реализација, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Се работи за доградби, реконструкции и новоградби на улици, патишта, училишта, детски градинки, амбуланти, спортски сали, фабрики, мостови и многу други капитални проекти. Вкупниот износ на овој инвестициски циклус надминува над 934 милиони денари. Сите овие инвестиции ќе имаат огромно значење за општините и за стандардот за живеење на граѓаните. Впрочем тие произлегуваат од потребите и барањата на народот во тие општини, а преку посветена работа се доведени до пред ниво на отпочнување на градба. Со отпочнувањето на градежната сезона на пролет, ќе започне и реализацијата на овој капитален инвестициски циклус, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните лесно може да ја воочат разликата помеѓу концептот на работа и посветеност кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ и концептот на криминал и корупција кој го манифестира власта на ДУИ и СДС, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

To top