Ракомет

Талески: Треба да уживаме на ЕП

Талески: Треба да уживаме на ЕП

Нашите ракометари во јануари ќе настапат на Европското првенство во Германија, а Филип Талески, поранешниот член на Рајн Некар Левен ги искажа своите очекувања од овој собир.

„Среќен сум што повторно Македонија ќе настапи на едно големо натпреварување и тоа во земја која што живее за ракомет. Германија го сака спортот и многу вложува во ракометот, ова ќе биде голема можност за нас да се покажеме како репрезентација.Среќен сум што сме сите заедно. Ме пречекаа убаво, се чувствувам како дома. Со ваква атмосфера и со новитетите кои што ги подготви селекторот имаме големо шанси да се покажеме во вистинско светло“, изјави македонскиот репрезентативец.

Македонија, континенталниот собир ќе го отвори против Франција на фудбалскиот стадион во Дизелдорф пред 55.000 гледачи.

„Добивме најтешка група, но тоа ќе биде голем предизвик за сите нас. Првенството ќе го отвориме против Франција, селекција која што на секој собир го напаѓа златниот медал.  Тоа ќе биде мотив плус за нас. Не треба да имаме голем притисок, треба да уживаме, бидејќи можеби никогаш во животот нема да имаме таква шанса да играме пред 55.000 гледачи на стадион“, изјави ракометарот на Бенфика.

To top