Екипата на Денвер нагетс славеше против Голден Стејт вориорс во НБА лигата со конечен резултат 120:114.
Српскиот центар Никола Јокиќ од редовите на Нагетси вкупно 18 пати застана на линијата за слободни фрлања, и сите успеа да ги реализира.
Јокиќ никогаш не постигнал толку поени од линијата за слободни фрлања во еден НБА натпревар што му е рекорд на кариерата.
Инаку тој е првиот играч уште од Трејси Мекгрејди во 2002 година со 18 поени од слободните фрлања во мечевите за Божиќ.
Србинот во победата на Денвер придонесе со 26 поени, 14 скокови и осум асистенции, а поефикасен беше само Џамал Мареј со 28 поени.
На спротивната страна за „воините“ Ендру Вигинг реализираше 22 поени, Стеф Кари се истакна со 18 поени, но и слаб процент на шут за три поени (3/11).