Хенрик Михтарјан наскоро ќе го продолжи договорот со миланскиот клуб до јуни 2025 година, пренесуваат италијанските медиуми.
Пред неколку недели Михтарјан усно се согласи да го продолжи договорот со Интер. Двете страни наскоро ќе потпишат продолжување на соработката.
Ерменскиот ас во клубот од Милано пристигна во 2022 година и има активен договор со Интер до 30 јуни 2024 година.
Пред Интер, Михтарјан настапуваше за Рома, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд, Шахтјор, Металург и Пјуник. За Интер оваа сезона одигра седумнаесет натпревари и постигна два гола.