Познати по 9 година

Кејти Пери и Орландо Блум раскинаа?

Изворот ја опиша разделбата како нешто што се очекувало и тврди дека нивната врска била „затегната со месеци“.

Кејти Пери и Орландо Блум раскинаа?

Нивната врска „е затегната со месеци“, тврди извор близок до двојката

Пејачката Кејти Пери и актерот Орландо Блум раскинаа, според неименуван извор близок до двојката. Кејти Пери и Орландо Блум наводно раскинале по девет години врска.

Двојката одлучила да се раздели по недели растечка тензија, по речиси една деценија повремени врски, шест години веридба и едно дете заедно. Веста доаѓа кратко откако 40-годишната поп-ѕвезда „отиде во вселената“.

Претставниците на Кејти и Орландо сè уште не дале официјално соопштение.

„Кејти и Орландо раскинаа, но се во добри односи“, изјавил извор за US Weekly, додавајќи дека раскинувањето засега „не е исполнето со конфликти“.

„Кејти е вознемирена, се разбира, но е олесната што не мора повторно да поминува низ разводот, бидејќи тоа беше најлошиот период од нејзиниот живот“, рекол истиот неименуван извор, според „Дејли меил“.

Изворот ја опиша разделбата како нешто што се очекувало и тврди дека нивната врска била „затегната со месеци“.

Засега, се вели дека Кејти е „зафатена“ со турнејата и се грижи за нивната четиригодишна ќерка Дејзи, која беше видена со неа, додека 48-годишниот англиски актер се повлече.

Иако сега се на истиот континент, Кејти е видена неколку пати во Австралија без венчалниот прстен. Во понеделник, „Дејли меил“ објави дека Кејти и Орландо ја издаваат својата вила во Монтесито, Калифорнија, вредна 30 милиони долари, на Крис Прат и неговата сопруга, Кетрин Шварценегер, дополнително поттикнувајќи ги гласините за разделба.

„Таа и Орландо отсекогаш живееле во друга куќа во Монтесито, која била нивна главна резиденција“, изјави извор за „Ју-Ес викли“.

Изворот, исто така, рече дека Кејти и Орландо „живеат одвоено откако Кејти е на турнеја“.

Кејти беше видена повеќе пати со ќерката Дејзи за време на турнејата во Австралија овој месец, додека Орландо беше сам на неколку јавни настани, вклучувајќи го и појавувањето на фестивалот Трибека и забавата за лансирање на крстаречки брод со Дру Баримор.

Кејти Пери и Орландо Блум се запознаа во јануари 2016 година на една од забавите по доделувањето на Златните глобуси.

Во август 2020 година, тие ја добија ќерката, Дејзи Дав Блум.

To top