Македонија министерство за европски прашања

Викторија Трајков ќе учествува на Летната школа „ЕУ политики, проширување и реформи“

Трајков во рамките на Летната школа ќе има обраќање на тема „Кон Агендата за проширување 2030“.

Викторија Трајков ќе учествува на Летната школа „ЕУ политики, проширување и реформи“

Заменик-министерката за европски прашања и заменик-главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков ќе учествува на Летната школа „ЕУ политики, проширување и реформи“ која ќе се одржи од 24-27 јуни во Будва.

На Летната школа се очекува учество на високи дипломатски претставници од регионот, како и јавни службеници, експерти од областа на евроинтеграциите и академици кои ќе разменат искуства и мислења за актуелните предизвици на Западен Балкан на патот кон ЕУ, но и зајакнување на меѓусебната соработка.

Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков во рамките на Летната школа ќе има обраќање на тема „Кон Агендата за проширување 2030“.

Летната школа е организирана од Европскиот Универзитетски Институт (EUI) и Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA), а е поддржана од Министерството за надворешни работи на Италија.

To top