Македонската атлетика запиша уште еден значаен успех на Европското првенство (трета дивизија) што се одржува во Марибор, Словенија.
Македонската штафета на 4х100 метри освои второ место и постави нов државен рекорд.

Тимот составен од Трајковски, Алексовски, Петров и Стојоски ја истрча трката за 40,89 секунди, што е најдобро време во историјата на Македонија за оваа дисциплина. Македонците за само пет стотинки го пропуштија златото, кое го освои тимот на Исланд.
4x100m National Records at the European Team Championships.
🇲🇰 North Macedonia Men – 40.89s
🇦🇩 Andorra Men – 42.13s
🇽🇰 Kosovo Men – 43.27s🇧🇦 Bosnia & Herzegovina Women – 47.12s
🇲🇪 Montenegro Women – 49.01s— Global Athletics Hub (@glblathletichub) June 24, 2025
Овој резултат претставува голем поттик за македонската атлетика и уште една потврда за напредокот на нашите спортисти на европската сцена.
Погледнете ја трката во видеото подолу: