Храна и Пијалаци рецепт

Најдобриот рецепт за пирошки со шунка

Замесете тесто од брашно, варени и пасирани компири, додајте сол, жолчки, путер, квасец и топло млеко.

Најдобриот рецепт за пирошки со шунка

Највкусни се кога се топли.

Потребни состојки:

350 г брашно

150 г варени компири

20 г квасец

1 лажичка сол

50 г путер

2 жолчки

Околу 150 мл млеко

За фил

150 г шунка

150 г кисела павлака

Сечкан магдонос

Бибер

Начин на подготовка:

Замесете тесто од брашно, варени и пасирани компири, додајте сол, жолчки, путер, квасец и топло млеко.

Оставете го тестото на страна и подгответе фил: исечкајте шунка на ситни коцки, зачинете со бибер, додајте павлака и сечкан магдонос и измешајте.

Размесете го тестото со дебелина од околу половина сантиметар, исечете триаголници. На средина на секој триаголник, по должина ставете од филот, направете пирошка и ставете ја на чинија, па повторете ја постапката со остатокот од тестото.

Откако ќе ги направите сите пирошки, ставете една по една во загреано масло и пропржете кратко додека да добијат убава боја. Извадете ги на чинија да го впие остатокот од маслото.

Послужете ги додека се уште топли со јогурт или кисело млеко.

To top