Ракомет Taжна вест

Почина еден од најславните ракометари во историјата на Франција

Почина еден од најславните ракометари во историјата на Франција

Тажни вести пристигнуваат од Франција. Поранешниот ракометен репрезентативец, Денис Лату, почина во шеесеттата година од животот, после долга борба со леукемија.

Со него во екипата, Франција дојде до првото светско злато, а потоа освои уште неколку медали на големите натпреварувања – Олимписки игри во Барселона и Светско првенство во 1993 година.

Во дресот на репрезентацијата Лату одигра 164 натпревари и постигна дури 463 голови, оставајќи огромен и неизбришлив траг во овој спорт.

На клупски план најголем печат даде играјќи за екипата на Ним, со која двапати го освои домашното првенство.  Во периодот минат во ПСЖ, Лату беше соиграч со нашиот Томче Петрески.

To top