Ракомет исклучок ќе бидат дерби и европските дуели

Вардар ќе игра во салата „Расадник“

Вардар ќе игра во салата „Расадник“

Најтрофејниот македонски ракометен колектив Вардар 1961 во новата сезона се очекува да ја пресели својата база во салата „Расадник“ во Кисела Вода. Оваа сала е оригиналниот дом на вардарци од почетоците, а во тек е целосно реновирање.

Претседателот на Вардар, Михајло Михајловски откри дека има ветувања од локалната власт дека салата ќе биде подготвена и ќе може да се користи уште во септември. Тој нагласи дека клубот ќе ги игра своите суперлигашки средби во оваа сала, освен дерби дуелите како и натпреварите од Европската лига на ЕХФ.

„Салата Расадник во која Вардар започна како клуб, според ветувањата и локалната власт во Кисела Вода, ние во септември ќе се преселиме. Се што имаме тука, ќе биде префрлено во таа сала како наша домашна. Таму ќе настапуваме во домашното првенство, со исклучок на големите натпревари против Еурофарм Пелистер, Алкалоид, како и европските натпревари

To top