Кошарка Потег за иднината

Минимум двајца Македонци на терен на мечевите од Првата лига

Минимум двајца Македонци на терен на мечевите од Првата лига

Кошаркарската федерација на Македонија донесе важна одлука во пресрет на новата сезона од Првата лига, потврдувајќи го правилото за двајца домашни играчи кои задолжително ќе мораат да бидат на паркетот во текот на натпреварите од регуларниот дел на сезоната.

Со одлуката се дава поголема улога на македонските играчи кои ќе добијат поголема минутажа на мечевите, а останува на сила и правилото на максимален број на четири странски кошаркари.

Со ова правило ќе се намали можноста на екипите да настапуваат целосно со странски играчи, а иницијативата првично беше поднесена од актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје Аеродром.

На овој начин се очекува да запре „трендот“ на вложување во странските засилувања, што отвора можност за инвестирање во квалитетен домашен играчи кадар.

Поврзани теми

To top