Кошарка Повеќе нема „северна“

Кошаркарската Федерација го враќа старото име

Кошаркарската Федерација го враќа старото име

Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија одржа состанок на кој беа донесени неколку важни одлуки, а воедно е решено зборот „северна“ да се тргне од името на федерацијата после период од шест години.

Ова значи дека се враќа старото име „Кошаркарска федерација на Македонија“ и кратенката ќе биде КФМ, наместо досегашната – КФСМ.

За потсетување, кошаркарската репрезентација беше првиот национален тим кој настапи со дресови на кои беше напишано „Северна Македонија“.

Поврзани теми

To top