Македонија Гаши во Азербејџан

Средба на претседателот Гаши со министрите за енергетика и за надворешни работи на Азербејџан

Во рамки на официјалната посета на Република Азербејџан од 17 до 19 јуни, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари средби со министрите за надворешни работи и за енергетика, Џејхун Бајрамов и Парвиз Шахбазов.

Средба на претседателот Гаши со министрите за енергетика и за надворешни работи на Азербејџан

Во рамки на официјалната посета на Република Азербејџан од 17 до 19 јуни, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, оствари средби со министрите за надворешни работи и за енергетика, Џејхун Бајрамов и Парвиз Шахбазов.

На состанокот присуствуваа и пратениците Петар Марков, претседател на Пратеничката група за соработка со Азербејџан; пратеничката Имрлије Салиу-Фетаи; како и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

На средбата со министерот за надворешни работи, Џејхун Бајрамов, претседателот Гаши го поздрави интензивирањето на комуникацијата меѓу владините претставници на двете земји и додаде дека се отвораат можности за поголема соработка на сите полиња.

Министерот Бајрамов истакна дека како две пријателски држави без отворени прашања, треба да ја унапредиме соработката, не само во делот на стопанството и енергетиката, туку и во делот на туризмот.

Двајцата соговорници заклучија дека во услови на геополитички предизвици, унапредувањето на меѓусебните добри односи и соработка ќе претставува промоција на мирот и стабилноста за поширокиот регион.

На состанокот со министерот за енергетика Шахбазов, претседателот Гаши ги поздрави заложбите за зајакнување на партнерството во областа на снабдување на гас, што беа искажани во досегашната комуникација меѓу двете држави.

Тој потенцираше дека за нас многу е важно да обезбедиме долгорочни договори за снабдување со гас, како и потенцијални инвестиции во гасната инфраструктура во Северна Македонија.

Министерот Шахбазов најави дека веќе се разгледуваат можностите за зголемување на соработката со Северна Македонија во делот на снабдувањето со природен гас и најави дека на почетокот на есента оваа година планира да ја посети нашата држава.

Најнови вести од Македонија

To top