Душан Влаховиќ е персона нон грата во Фиренца поради трансферот кој го направи во Јувентус пред 20 месеци, а при секое враќање на „Артемио Франки“ добива навистина лош третман од навивачите на Фиорентина.
Така беше и на вчерашното дерби кое се одигра во 11-то коло во Серија А, но откако беше жртва на расистички навреди и навредливи зборови, Србинот беше тој кој последен се смееше на крајот.
Навивачите го нарекуваа „циган“ и „предавник“ во текот на сите 90 минути и беше со свирежи испратен од теренот, но и тој имаше што да им порача на провокаторите.
– Можеби следниот пат ќе победите…, – им порача Влаховиќ на фановите, а подоцна се јави и на Инстаграм.
– Без оглед на ситуацијата, никогаш не дозволувај емоциите да ја совладаат твојата интелигенција…
Vlahovic told Fiorentina fans “Next time you might win” after being insulted😀pic.twitter.com/Xqic4PgLQG
— Bianconeri Zone (@BianconeriZone) November 5, 2023