Фудбал

Тухел сака да ја предводи Англија и на ЕВРО 2028

Педетиедногодишниот германски стратег седна на англиската клупа на почетокот на годината и, откако започна со три победи во квалификациите, го почувствува поразот за прв пат вчера во пријателскиот натпревар против Сенегал (1-3).

Тухел сака да ја предводи Англија и на ЕВРО 2028

Германецот Томас Тухел би сакал да го продолжи договорот и да ја предводи Англија на Евро 2028, дури и во случај англиската репрезентација да не ја освои титулата на Светското првенство следното лето.

Педетиедногодишниот германски стратег седна на англиската клупа на почетокот на годината и, откако започна со три победи во квалификациите, го почувствува поразот за прв пат вчера во пријателскиот натпревар против Сенегал (1-3).

„Секогаш ќе бидам во искушение да останам бидејќи го сакам тимот и ми се допаѓа можноста да ја водам Англија“, изјави Тухел за „ТокСПОРТ“. „Чест е да бидам селектор на Англија. Знам што доаѓа по Светското првенство, огромен турнир и Евро2028 во Англија. Можам да кажам дека е искушение, дури и по разочарувачкиот резултат вчера.“

Одговарајќи на новинарско прашање дали би сакал да остане на селекторската клупа за Евро 2028 дури и ако Англија не го освои Светското првенство, Тухел рече :„Ако мене ме прашате денеска, да, бидејќи, како што реков, се чувствувам како да сум на вистинското место. Обожувам да сум таму каде што сум во моментов“.

To top