Претседателот на Националната Боксерска Федерација, г-дин Фатон Салиу, и Потпреседателот Примислв Димовски официјално доделија сертификати на тренерите кои успешно го завршија курсот 1 Star IBA, во периодот од 2 до 10 ноември 2023 година.
Исто така, на овој посебен настан, Националната Боксерска Федерација им подели два трофеи за најдобрите боксери на земјата за 2023 година во две категории.
Едниот трофеј заврши во рацете на Бајрам Мамутовски, шампионот на Балканот во категоријата на младите, додека другиот трофеј отиде за Ален Рустемовски, кој се рангираше како петти на Европското првенство во категоријата на сениорите.