Македонската ракометна сениорска репрезентација е во Стара Пазова, Србија, каде течат подговките за настапот на Европското првенство 2024 година.
Од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) објавија дека и Филип Талески пристигна во Стара Пазова.
Нашиот репрезентативен лев бек го одработи првиот тренинг со македонската репрезентација.
Талески не беше дел од првиот собир поради клупските обврски кои ги имаше со Бенфика.
Последен кој треба да му приклучи на националниот тим е голманот Никола Митревски кој исто така настапува во Португалија за Порто.