Актуелниот НБА шампион, Денвер, дојде до четвртата победа по ред, откако рутински одработи на гостувањето кај Шарлот и победи со 95-102. За домашната екипа ова е седми пораз во низа.
Во текот на целото прво полувреме Шарлот имаше предност, но победникот беше решен во третиот перио кој им припадна на кошаркарите на Денвер со 9-30.
Никола Јокиќ беше на прагот да дојде до трипл-дабл, но не успеа за само една асистенција. Србинот мечот го заврши со 18 поени, 10 скока и девет асистенции.
Екипата на Детроит го забележа и 26-тиот пораз во низа во НБА лигата со што го израмни рекордот. Тие синоќа беа поразени на гостувањето кај Бруклин со 126-115.
Во среда играат повторно со истиот противник, но на домашен терен и доколку повторно загубат, ќе бидат апсолутни рекордери во НБА лигата.
Резултати:
Шарлот – Денвер 95-102
Индијана – Орландо 110-117
Њу Орлеанс – Хјустон 104-106
Аталанта – Мемфис 119-125
Бруклин – Детроит 126-115
Торонто – Јута 119-126
Чикаго – Кливленд 95-109
Оклахома – ЛА Лејкерс 120-129
Далас – Сан Антонио 144-119
Голден стејт – Портланд 126-106
Сакраменто – Минесота 98-110