Култура МКЦ Скопје

Гран При за Женскиот младински хор при МКЦ на меѓународниот хорски фестивал „Црноморски звуци”

Женскиот младински хор при МКЦ продолжува со концерти во текот на јуни кои ќе се одржат во Охрид и Тетово.

Гран При за Женскиот младински хор при МКЦ на меѓународниот хорски фестивал „Црноморски звуци”

На меѓународниот хорски фестивал и натпревар „Црноморски звуци“ кој од 4 до 8 јуни се одржа во Балчик, Бугарија, Женскиот хор при МКЦ оствари неверојатен успех со освојување на главната „Гран при“ награда.

Освен на натпреварот, хорот зеде учество и на концертите на фестивалот како и на мастер предавањата каде се изучуваа нови композиции заедно со другите ансамбли учесници.

Ова е уште еден во низата успеси на хорот и маестро Сашо Татарчевски. Патувањето и учеството беа поддржани од Министерството за култура и туризам како и Град Скопје.

Женскиот младински хор при МКЦ продолжува со концерти во текот на јуни кои ќе се одржат во Охрид и Тетово.

Најнови вести од Култура

To top