Навивачите на Милан никогаш нема да му простат на Донарума што нивниот омилен клуб го замени со Пари Сен Жермен.
Идеална можност да покажат што мислат за она што го сметаат за „предавство“ на одличниот голман ќе биде на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу овие две екипи, кој ќе се одигра во вторник од 21 часот на Сан Сиро.
Пред две недели ПСЖ лесно победи со 3:0, а сега навивачите на Милан ќе направат се за да го деконцентрираат својот поранешен миленик.
Според најавите од Италија, навивачите ќе фрлаат лажни банкноти кон Донарума како знак дека му се важни само парите.
Исто така, најжестоките поддржувачи на Милан ќе носат дресови со бројот 71, што според традицијата значи „човек кој нема морални вредности“.