Хроника СВР Скопје

Со возило удриле во бетонски ѕид: Повредени четири лица, две од нив се деца

Во несреќата со  тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото, додека со телесни повреди се здобиле возачот, уште еден малолетен сопатник и сопатникот С.С.(25), сите од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со возило удриле во бетонски ѕид: Повредени четири лица, две од нив се деца

На 08.06.2025 околу 16:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско –  косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(32) од Скопје, удрило во рекламно пано и бетонски ѕид.

Во несреќата со  тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото, додека со телесни повреди се здобиле возачот, уште еден малолетен сопатник и сопатникот С.С.(25), сите од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот А.К. бил лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава по член 297 и 301 од Кривичниот законик.

To top